Македонија tajzi

27 јули, 2015

Тајзи запеа и на шпански!

Жешка атмосфера, згодни црномурести девојки, кубански бенд и латино мелос. Ова е дел од новиот видео запис на Тајзи – „Амор“. За првпат, нашиот пејач реши да запее на шпански, а од неговиот тим велат дека ова е една од најдобрите негови песни досега која претендира да стане голем летен хит.

Спотот ќе излезе на почетокот на август, а се снимаше на повеќе локации во Скопје и Куманово. Специјални гости во спотот се кубанскиот бенд „Кубано сој“, Рене Врајт од Јамајка и манекенката Ана Станојковска. Режијата и сценариото се на Владимир Дади Ивановски, музиката и текстот на Драган Величковски Тајзи, додека пак аранжманот е на проверениот хит мејкер Лазар Цветкоски. 

Песната за првпат ќе имате можност да ја чуете на концертот на Тајзи вечерва, 27 јули, во „Кадмо“ во Охрид, каде што ќе настапи заедно со својот бенд.



Врати се горе ↑