Македонија Тајзи Прилеп

3 јануари, 2014

Тајзи за Новата 2014 година

Еден од најангажираните наши артисти, Тајзи и најлудата ноќ во годината ја помина работно. По излегувањето на неговиот прв соло албум „Нешто поинакво“, Тајзи стана еден од најактивните артисти кога се работи за настапи. Неговата агенда е пополнета, клубовите по градовите постојано го бараат за добра забава, па така беше и за прославата на Новата година. Тој дента настапи на плоштадот во Прилеп, а вечерта ги забавуваше своите сограѓани во Куманово.

„Не можев да постигнам да стигнам на повеќе места за да им ја честитам Новата 2014-та на сите граѓани на Македонија, но посакувам за сите оваа година да биде подобра од наредната, а здравјето и среќата да е во сечиј дом”– изјави Тајзи, а ние му посакуваме уште поголем успех оваа година, хитови и добри журки, така како што ја заокружи старата!



Врати се горе ↑