Концерт Тајзи -  Концерт

21 октомври, 2014

Тајзи со прв солистички концерт во Универзална, картите во продажба од денес

„Иноватива Груп“ Ви го најавува првиот солистички концерт на Тајзи, кој ќе се одржи на 29 ноември (сабота), во Универзалната сала во Скопје. Влезните билети за концертот од денес се пуштени во продажба по промотивна цена од 200 денари до крајот на овој месец, а од месец ноември истата ќе чини 250 денари. На врата, билетите ќе се продаваат по цена од 300 денари.

На 29 ноември, Тајзи во придружба на бенд, во живо ќе ги испее сите негови хитови од албумот „Нешто поинакво“, а на концертот ќе има и интересни гости со кој тој соработува некое време. Билетите се во ограничен број и  може да се набават во продажната мрежа на МК Тикетс. Побрзајте и купете билет во најблиското продажно место!



Врати се горе ↑