Македонија tyzee-bg

15 јануари, 2015

Тајзи со прв концерт надвор од Македонија

Македонскиот реге артист Тајзи и „Иноватива груп“ Ви го најавуваат првиот негов концерт надвор од границите на нашата држава. Во недела, на 18 јануари, со почеток во 23.00 часот е закажан почетокот на концертот во клубот „Jack`s House“ во Банско, Р. Бугарија.

По успешниот голем концерт во Универзалната сала во  Скопје, Тајзи за прв пат ќе се претстави на локалната бугарска публика, но и пред македонските туристи  кои знаат како да се забавуваат на хитовите на Тајзи. Сите кои овој викенд ќе бидат во зимскиот центар Банско, Тајзи ги поканува на супер журка во клубот „Jack`s House“.



Врати се горе ↑