Видео 5

20 август, 2014

Тајзи со одличен настап пред 50.000 задоволни посетители на „Струмица опен фест“

Овој викенд, во петокот Тајзи заедно со диџеј Че и неговиот бенд настапи на фестивалот „Струмица опен 2014“ пред повеќе од 50 000 посетители. Песните Тајзи ги пееше во еден здив заедно со сите присутни, а целиот настап беше проследен со многу врисоци и кренати раци. Вечерта, на истата сцена по Тајзи настапија Бајага и Кирил Џајковски.

По „Струмица опен 2014“ Тајзи ја продолжува неговата турнеја со настапи низ Македонија. Следуваат поголемите во Скопје, на 22 август на Пиволенд и Кавадарци на 7 септември на Гроздобер, како и уште неколку настапи во дискотеките и клубовите.

Во продолжение имате прилика да видите дел од атмосферата што Тајзи ја приреди со неговиот настап на „Струмица Опен 2014“.

 



Врати се горе ↑