28 октомври, 2015

Тајзи со нова романтична балада и видео запис

Еден од најуспешните, но и најозборуваните артисти на социјалните мрежи продолжува да е активен кога се работи за нови песни и спотови, а публиката навистина ужива во неговите хитови. Последен пат се уверивме во тоа на „Вино-Скоп“ во Скопје, каде што  и покрај озборувањата собра најголема публика.

Деновиве тој сними нова песна и видео запис кој го изработи продукцијата „Фабрика“, додека  музиката е на Тајзи и Ивајо. Текстот е исто така на Тајзи, а тој периодов работи и на својот втор соло албум кој треба да  излезе наредната година.

„Ова е една од песните кои ми стојат од поодамна и мислам дека сега ѝ дојде време да ја промовираме. Во есен и зима се слушаат  песни за гушкање. Инспирација за ваква песна ми се сите парови кои не се срамат и плашат да си покажат колку се сакаат и си значат и  како што кажува самиот текст – животот е клише ако не си зближен со жената која си ја сакал најмногу“– вели Тајзи во врска со новата песна насловена „Сè ми е со тебе“.

Новите песни на кои работи се со реге-ска ритам и со социјални теми и како што тој самиот кажува, продолжува по патот на будење на свеста на луѓето за подобро утре, за материјализмот кој сè повеќе е во луѓето, за еднаквост и соживот, како и против каква било поделба – била верска или партиска.



Врати се горе ↑