Тајзи со нова песна и видео запис
Тајзи минатата недела сними видео запис за неговата нова песна. Песната е насловена „Дома си е дома“ и е најава за големата, летна турнеја која му започнува со настап на престојниот Beat Event # 1, на 14 јуни на ракометното игралиште во Битола каде ќе настапи заедно со Слаткаристика.
Новата песна на Тајзи со видео записот ќе излезе во етер до крајот на оваа недела.
Музиката и аранжманот на „Дома си е дома“ се изработени во студиото на Јованови, а видео записот се снимаше на повеќе локации низ Македонија: Хераклеја- Битола, Пелистер, заливот на коските во Охрид и во Прилеп. Во продукција на Иноватива Груп и тимот Дарко Манасијески како режисер и Владимир Дади Ивановски како Директор на фотографија, на видеото работеше и Флукс продукција. Оваа песна на Тајзи е добитник на државните субвенции за поддршка на македонската музика.