Македонија Тајзи 2

10 ноември, 2014

Тајзи со нова песна и видео запис

Викендов Тајзи снимаше видео запис за неговата нова песна која ја работеше во соработка со диџејот и продуцент Ивајо. Во брз и модерен ритам, новиот сингл на Тајзи насловен „Дај ми само ден“ заедно со видео записот ќе биде промовиран за неколку дена.

Видеото се снимаше на повеќе локации во и околу Куманово, а сценариото располага со многу статисти, група на моторџии познати како „Индијанс“, а главните улоги ги играат Тајзи, Ана Гавриловска и Игор Ѓуро Петковски. Во реализација на „Иноватива груп“, Дарко Манасијески се потпишува како режисер на истиот.

Новата „Дај ми само ден“ на Тајзи воедно Ве потсетува дека следува и неговиот прв солистички концерт, кој ќе се одржи во Универзалната сала, на 29.11.2014 (сабота), со почеток во 20.00 часот. Периодов Тајзи со неговиот бенд неуморно се подготвуваат за концертот кој не треба да се пропушти. Картите се во продажба во ограничен број, а истите по цена од 250 денари може да ги набавите преку продажната мрежа на МК Тикетс.



Врати се горе ↑