10 октомври, 2013

Тајзи со нов видео запис за „Пишано е“‏

Пред 10 дена, Тајзи го промовираше својот прв соло албум насловен „Нешто поинакво“. Тој за своето првенче вели дека се состои од внимателно одбрани песни на кои работел претходните 2 години и тоа може да се забележи затоа што секоја песна од албумот на Тајзи е загарантиран хит!

Покрај веќе чуените песни од Тајзи, на „Нешто поинакво“ се наоѓаат и 10 нови меѓу кои е и носечката „Пишано е“ со музика и аранжман на Иван и Јован Јованов, текстот е на Тајзи, а за истата вчера вечерта излезе и видео запис кој е режиран и реализиран од Даниел Јовески.

За песната и спотот Тајзи вели: „Пресреќен сум што за недела дена оваа песна на Јутјуб е преслушана повеќе од 43.000 пати, а радио станиците ја вбројуваат меѓу своите хитови. Благодарен сум на Иноватива за поддршката и на сите оние кои ми се  најдоа во реализација на овој спот. Сега слушателите можат да ја видат оваа моја приказна „Пишано е“. Се надевам ќе Ви се допадне!”



Врати се горе ↑