Македонија Tyzee во Италија Постер

24 октомври, 2014

Tајзи со концертен настап во Пјаченца, Италиja

Тајзи овој викенд, во сабота (25 октомври), ќе настапи во Пјаченца, Италија, во диското „Авиља“. Ова е прв пат во неговата кариера нашиот артист да настапи надвор од границите на Македонија.

Во меѓу време Тајзи неуморно работи и се подготвува за  претстојниот солистички концерт во Скопје, во Универзалната Сала кој ќе се случи на 29 ноември (сабота).  Од „Иноватива Груп“ најавуваат дека ќе има и интересни гости и очекуваат голема заинтересираност за истиот. Продажбата на картите за концертот на Тајзи се во ограничен број и веќе во продажба преку дистрибутивната мрежа на МК Тикетс. Картите во месец октомври се со промотивна цена.

Во продолжение можете да го погледнете видеото во кое Тајзи ја поздравува македонската публика во Италија:

 



Врати се горе ↑