Концерт 1927920_798079230224771_2634781702272518695_n

18 јули, 2014

Тајзи со концерт во Охрид

Во рамките на својата летна турнеја низ Македонија, на 31 јули (четврток) Тајзи ќе одржи концерт на познатата охридска плажа Градиште. Најбараниот македонски артист ќе настапи во придружба на бенд, а публиката ќе се забавува со неговите добро познати хитови како што се „Регетон“, „Љубов“, „Пишано е“, „Не живеам за другите“, „Чувај ни га Боже“ и други. Влезници во претпродажба по цена од 200 денари можат да се набават во 1/2 Југотон и дистрибутивната мрежа на  www.kupikartizase.com, како и низ повеќе градови ширум Македонија. Настанот е со почеток од 21 часот.

Веќе следниот ден, на 1 август, Тајзи ќе настапи како специјален гостин на концертот на Слаткаристика и пријателите на плажата „Алекс“ во Дојран.



Врати се горе ↑