Концерт Тајзи - Хуманитарен Концерт- Слика

4 јули, 2014

Тајзи со хуманитарен концерт во Куманово

Во недела, на 6 јули, со почеток во 20.00 часот, Тајзи ќе одржи хуманитарен концерт за Ивана Величковска. Истиот ќе се случи во Домот на културата „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Влезните билетите за концертот изнесуваат 100 денари, а сите собрани средства ќе бидат донирани за помош на Ивана.

Ивана Величковска боледува од леукемија и своето лекување мора да го продолжи во Германија. Овој хуманитарен концерт на Тајзи е апел до сите граѓани кои се во можност да помогнат и официјална покана за концертот до сите жители на општина Куманово.

За време на концертот и потоа може да донирате на телефонските броеви:

  Т-Мобиле: 143 144 и

  ВИП: 143 772



Врати се горе ↑