Македонија Tyzee Cuvaj ni ga boze 4

12 февруари, 2014

Тајзи сними видео запис за „Чувај ни га Боже“

Тајзи деновиве го снимаше видео записот за „Чувај ни га боже”, песна која ја напиша за својот трагично загинат другар од детството, Игор Ѓелиќ- Ѓешо. На денот на немилата случка, на едногодишниот помен на неговиот другар, Тајзи со многуте пријатели оддадоа почит за нивниот Ѓешо, со тоа што овој видео запис ќе биде уште еден момент за негов вечен спомен.

Спотот за емотивната „Чувај ни га боже” се снимаше во Куманово и околината, кај стадионот на ФК Карпош од Куманово во кој Ѓешо има играно и на градските гробишта во Куманово, каде сега тој почива. За сите 3 дена додека се снимаше, за реализација на овој видео запис, Куманово ја даде својата поддршка за да се памети нивниот млад, трагично загинат сограѓанин. Општината на Куманово, Парма шпед, пријателите и сограѓаните, семејството и сестрата на трагично загинатиот беа поддршка и дел од видео записот.

На спотот кој треба да излезе за десетина дена работеа Александар Пауновски како продуцент, Александар Ивановски – организатор на снимање, Кристијан Теодоров како директор на фотографија, монтажа – Бренсис, а на сценарио и режија на Дарко Манасијески- Желе.

Песната е работена од Тајзи и Роберт Билбилов како музички продуцент. Во очекување да ја видиме оваа емотивна приказна, преслушајте ја „Чувај ни га боже”.

 



Врати се горе ↑