Видео

12 април, 2018

Тајзи промовира нова песна и спот во стрип-техника за првпат кај нас!

Денеска, на својот канал на Јутјуб, Тајзи го промовираше новиот спот за песната „Мој живот, моја ствар“, која е на српски јазик и носи интересна порака. Видеото е во вид на стрип и е нешто ново кое за првпат го гледаме на нашите простори, а режисер на спотот е самиот Драган Величковски Тајзи.

Ова е 18. спот на македонскиот пејач, кој најавува уште 5 нови песни до крајот на годината. Наскоро ќе ја слушнеме и соработката со Викторија Лоба, а во мај уште една соло песна на македонски јазик. По нив, пејачот ја најавува својата прва англиска песна што ќе излезе во јули. Неколку од песните се во соработка со продукцијата „Балкатон“ од Србија, а сите се авторско дело на Тајзи и Роберт Билбилов, со кого заедно најавува многу изненадувања на македонската музичка сцена, како и лето исполнето со настапи низ целата земја и регионот.

Автор на текстот за „Мој живот, моја ствар“ е Драган Величковски Тајзи, додека музиката и аражманот се на Роберт Билбилов. Директор на фотографија е Илија Зоговски, асистент-Борис Јосифовски, а режијата е на Тајзи. Како изгледа и звучи новиот балкански хит дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑