Македонија Tyzee--1024x670

2 август, 2013

Тајзи промовира нов сингл на 3-ти во Охрид

На 3-ти август (сабота), во Охрид, на 2-рата плажа во Градиште, со почеток во 23 часот закажана е петчасовна журка со Слаткаристика, диџеј Ник Капа, Газда Паја, Токсиколози и други. На истата сцена вечерта ќе настапи и Тајзи каде ќе го промовира својот нов сингл.

Новата песна со наслов „Живеам за себе” е во негов, ритмичен стил и говори дека секој треба да си го гледа своето. Текстописец на истата е самиот Тајзи, продуцент е Марко Наумовски, а на аранжманот работеше Јован Јованов.

Тајзи за песната вели: „Ми дојде да го опишам нашиот синдром на видов-кажав, она што ни се случува денес и тоа што нè опкружува. Ритамот е заразен и секој ќе се пронајде во текстот. Мислам дека имам фин производ и едвај чекам да ја видам реакцијата на 3-ти во Охрид! Се гледаме и слушаме на Градиште.”

Тајзи моментално е слушан со песната „Регетон”, а на есен го најави својот прв соло албум.

 



Врати се горе ↑