Македонија skipityzee4

24 април, 2013

Тајзи продолжува сам, без Скипи

Раперите Скипи и Тајзи повеќе нема да работат заедно! Двојката, која јавноста ја запозна преку сингловите „Моментот“ и „Љубов“, после неколку години заедничка работа и официјално се раздели, а кумановецот Тајзи бил “немилосрдниот љубовник” во приказната кој преку ноќ му откажал љубов на Скипи, пренесува Вечер.

„Да, точно е, повеќе не сме заедно. Од сега па натаму секој ќе си работи сам за себе. Едноставно така решивме, а дали ова е добра одлука ќе покаже времето“ – вели Горјан-Скипи за Вечер.

Имено, оваа година за Тајзи ќе биде продуктивна и запаметена. Барем за него затоа што како и секој артист што си посакува, Тајзи работи на тоа да оваа година го издаде својот прв соло албум кој е во план да излезе почеток на месец јуни. Заедно со неговото првенче, Тајзи ќе го промовира и носечкиот сингл од албумот со нов видео запис.

Овој артист за кој велат дека е поинаков од постоечкото на нашата музичка сцена, има што да понуди. А каков и што го познаваме – позитивен, распеан и лиричен, очекуваме освежување за нашите уши. До тогаш Тајзи Ви изразува „Љубов“ преку неговата истоимена песна и прв соло сингл кој за неполни три месеци е најпреслушуваната трака на ЈуTјуб каналот со пола милион прегледи.

 

 

 



Врати се горе ↑