Македонија Tazji Mars

28 ноември, 2013

Тајзи освои две награди на МАРС 2013

На шестото издание на радискиот фестивал МАРС 2013, Тајзи се закити со 2 награди и тоа „Ѕвезда што се раѓа“ и „Награда од публиката“ за 2013 година. Со песната „Регетон” која е дел од неговиот соло албум „Нешто поинакво“, Тајзи оваа година ја доби престижната радиска награда која е најдрага за секој артист, а тоа е за најслушана песна одбрана од страна на публиката.

Покрај паричната награда од 30.000 денари, она што најмногу го радува Тајзи и неговата продукциска куќа е наградата за користење на Универзалната сала, простор во кој Тајзи уште сега планира да го реализира неговиот прв самостоен концерт. Нека му е со среќа, да прави уште многу хитови и наредната година, па како што вели тој: „Во 2014-та се гледаме и на концерт!”

Во продолжение уште еднаш уживајте со неговиот хит „Регетон“.

 



Врати се горе ↑