Концерт tyzee

1 април, 2014

Тајзи настапува на концертот на С.А.Р.С‏.

На 10 април С.А.Р.С. доаѓаат во Скопје и со почеток од 22.00 часот во Експо Центар ќе настапат со сите нивни, за нас добро познати хитови. Како загревање за оваа одлична група, со свое 40 минутно шоу ќе се претстави и нашиот најпопуларен артист за 2013 година, Тајзи.

По неговиот успех со деби албумот „Нешто поинакво”, за прв пат во главниот град, Тајзи, вечерта на 10 април (четврток) се претставува пред Скопската публика пред една од најзабавните, балкански групи. Картите во претпродажба по цена од 300 денари може да ги набавите во продажната мрежа на МКтикетс, салоните на One, Југотон, MPM Press, Кафе Круг- Бисер, Кафе Браво и Гоги Драчево.  На врата истите чинат 350 денари.



Врати се горе ↑