Македонија tyzee i marjana

3 јуни, 2013

Тајзи и Марјана Станојковска?!

Плажа, сонце и вода – идеална енергија за да се роди љубов помеѓу двајца млади. Таа згодна како сирена, тој со мелодија која освојува. Марјана Станојковска и Тајзи се љубовна двојка во новиот видео запис на Тајзи за песната „Регетон”.

Откако го најави својот прв соло албум, Тајзи работеше на првиот сингл за кој деновиве се сними и видео запис во Струга, под режисерската палка на Даниел Јовески, а главни улоги во истиот се Тајзи и Марјана. Иако пред недела дена тој остана без „Љубов” на Јутјуб каналот, а песната имаше преку 500.000 прегледи за 3 месеци, од неговата нова „Регетон” очекуваме уште поголем број конзументи на овој летен хит кој го најавува Тајзи.

Додека го чекаме новиот видео запис, Тајзи Ви дарува „Љубов”.

 



Врати се горе ↑