Промоции 1239992_619877391396665_1830407069_n

24 септември, 2013

Тајзи го промовира својот прв соло албум

Во општина Аеродром, на стадионот до МЗТ салата овој петок и сабота ќе се случува фестивалот „Free Zone Festival“. На 27-ми и 28-ми септември, слободна организација објави дека ќе настапуваат Ареа, Слаткаристика, Морал, Газда Паја, Токсиколози и многу други, а влезот е слободен за сите посетители.

Меѓу артистите во петок, на 27-ми, ќе настапи и Тајзи кој вечерта ќе го промовира својот прв соло албум со наслов „Нешто поинакво“. Во соработка со Иноватива ентертејнмент, Тајзи најавува поинаков албум, во негов стил, со песни во кои ќе може да се пронајде секој. По промоцијата во петок, албумот „Нешто поинакво“ ќе биде и во официјална продажба низ цела држава.

 



Врати се горе ↑