13 ноември, 2014

Тајзи го претстави видео записот за „Дај ми само ден“

„Иноватива груп“ и Тајзи Ви ја претставуваат новата песна „Дај ми само ден“. Работена со диџејот и продуцент Ивајо, кој гостува на истата, песната доби и видео запис во продукција на матичната куќа на Тајзи, зад кој како режисер се потпишува Дарко Манасијески. Интересното сценарио ја надополнува и така динамичната нова песна на Тајзи, која за прв пат со неговиот бенд ќе ја изведе како дел од репертоарот на неговиот прв солистички концерт во Универзалната сала.

На 29 ноември (сабота) Тајзи Ви гарантира добра забава на концертот, а сега погледнете ја видео приказната за новата „Дај ми само ден”.



Врати се горе ↑