Видео

21 мај, 2019

Тајзи го претстави новиот сингл „Гори“

Кумановскиот музичар и сопственик на бројни хитови во изминативе неколку години, Тајзи полека се подготвува и за претстојната летна сезона, па сосема очекувано беше да нè почести со уште еден летен хит. Имено, тој уште во март најави две нови песни, од кои една на македонски, па темата насловена „Гори“ конечно стигна деновиве, во комплет со одлично видео, како што и се очекува од популарниот пејач.

Драган Величковски, кој се крие зад псевдонимот Тајзи, се потпишува и како автор на музиката и на стиховите, додека битот, аранжманот и продукцијата се на Лазар Цветкоски. Сето тоа визуелно го дополни неговиот веќе редовен соработник, охридскиот режисер и продуцент Даниел Јовески, а покрај Тајзи, во видеото се појавува и Марис Џолин.

Како што споменавме, „Гори“ е само една од двете песни кои кумановецот ги подготвуваше изминатиов период, а наскоро се очекува и премиерата на „La Bonboniera“.

„Гори, гори, гори, гори! Нека гори сè до зори, а ти фрли се на мене како керозин во огин“, пее Тајзи во својот нов сингл, чие видео за само два дена собра речиси 85 илјади прегледи на Јутјуб, а како изгледа и звучи сето тоа, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑