Концерт Тајзи -  Концерт

28 ноември, 2014

Тајзи е подготвен за утрешниот концерт!

Утре, 29 ноември (сабота), во Универзалната сала, со почеток во 20.00 часот ќе се случи првиот солистички концерт на Тајзи. Сите подготовки се завршени, а Тајзи на сцена ќе биде придружуван од неговиот бенд „Пимп д бит“ (Pimp the Beat) и со поддршка од  Аце НЛ. Специјален гостин на концертот е Слаткаристика, а како дел од програмата ќе настапи и диџеј Ивајо (Iwayo).


Тајзи, како што е насловена неговата нова песна „Дај ми само ден“, вели дека ова е неговиот ден да Ве покани сите Вас на добра журка која е предвидена да трае два часа. Влезни билети останаа уште многу малку и ќе се продаваат уште денес по цена од 250 денари, преку мрежата на МК Тикетс, а утре, на денот на концертот истите ќе можат да се набават на билетерата во Универзалната сала, по цена од 300 денари.



Врати се горе ↑