10 август, 2015

Тајзи бара азил во Шпанија? „Амор“ доби видео запис‏

Распеани и разиграни Јамајканки и Кубанки заедно со Тајзи и неговиот бенд ни носат нешто навистина поинакво ова лето. „На спотот ’Амор’ се работеше 3 дена. Станува збор за голема екипа, прекрасни луѓе и енергии од повеќе страни на светот. Ова е досега еден од најдобрите негови проекти“, велат од екипата која работеше на новиот видео запис.

Снимано е на повеќе локации – Каса Кубана и Роџер Пијано – Скопје и Куманово. Спотот е на Владимир Дади Ивановски, кој уште еднаш докажа зошто важи за еден од најдобрите македонски режисери, додека музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски, а текстот и музика на Драган Величковски – Тајзи.

Кога станува збор за оваа тројка на уметници, не е чудно што имаме ваков финален производ. Освен што Тајзи е активен на музички план, тој стана и магистер по јавна администрација и локална самоуправа, а неговата нова „Љубов“ Ве очекува горе. Уживајте!



Врати се горе ↑