Македонија 15202628_217065875399764_7766051964757005796_n

3 декември, 2016

„Тајфата“ со набиена агенда до крајот на годинава

„Тајфата“ неодамна го доби својот најнов член, популарниот пејач Димитар Андоновски, со кого веќе започна да настапува ширум Македонија, а дружината ќе биде мошне зафатена до самиот крај на годината. Започнувајќи од вчерашниот настап во Прилеп, каде што ќе пеат и вечерва, во кафулето „Вирус“, „Тајфата“ до Нова година ќе ги забавува посетителите во десетина барови и ноќни клубови во Прилеп, Охрид и Битола, а Новата 2017 година ќе ја дочекаат во барот „Лихнидос“ во Охрид.

15202706_219131588526526_5059865122938051903_n

Групата веќе најави дека работи на нов материјал што ќе биде претставен наскоро.



Врати се горе ↑