Македонија 10622826_952568248089878_2443225396632979361_n

17 септември, 2014

„Тајфата“ подготвува дует со Сузана Спасовска

Новата група која на почетокот на годинава започна да ја освојува македонската музичка сцена – Тајфата наскоро ќе претстави уште една нова песна, овој пат во соработка со Сузана Спасовска. Имено, по првенчето „Еден пат за еден живот“ и преработката на евергринот „Пушти коси“ од „Зијан“, деновиве ќе пристигне и песната насловена „Едно мирно топло лето“, со која групата го најавува и својот прв албум чија промоција се очекува до крајот на ноември.

„Едно мирно топло лето“ е потпишана од Венко Серафимовски и Дејан Ѓоргиевски – Ѕене, а додека ја очекуваме нејзината промоција, уживајте со „Пушти коси“.

 



Врати се горе ↑