Аудио 10296848_870536742959696_622377073001371826_n

17 март, 2015

„Тајфата“ ја промовира новата песна „Галичка“

Музичка тајфа, дружина на музички мајстори, банда која заспива и се буди со музика… Тајфата ја промовира новата песна Галичка, која е авторско дело на Венко Серафимовски (музика и текст) и Дејан Ѓеорѓиевски-Ѕене (аранжман). Песната е работена во студиото на Ѕене, а за истата веќе се снима и видео запис, кој е во режија на Венко Серафимовски. Спотот ќе биде промовиран на прес-конференција по поводот објавувањето на првиот албум на „Тајфата“.

Албумот треба да се појави до месец април, а деновиве членовите на „Тајфата“ интензивно работат на истиот. Овојпат за фотографиите и омотот на албумот ќе биде задолжен Чедо Поповски. Сè на сè, „Тајфата“, барем според најавите, се во сериозен проект, за кој се надеваат дека вистински ќе ја допре публиката и заслужено ќе добие свое место на музичкиот пазар. 

„Тајфата минатата година ја промовираше нивната прва песна Еден пат за еден живот, а веќе го подготвува и својот прв албум, иако петти по ред за Коки.

„Сите со нетрпение го очекуваме објавувањето на албумот и се надеваме дека публиката ќе ја препознае нашата искрена работа. Исклучително напорно работиме и особено сме горди на фактот што сами си го финансираме овој проект, но сепак немаше да успееме без луѓето кои помогнаа да се реализира сево ова, па затоа искрена благодарност до сите нив“, вели Коки, а како звучи „Галичка“ можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑