Македонија

11 јули, 2019

„Тајфата“ и Димитар снимаат ново видео

„Тајфата“ и Димитар Андоновски деновиве снимаат ново видео за својата нова песна што ќе биде промовирана наскоро. Музичарите споделија и неколку фотографии од снимањето, па крајниот резултат ќе го видиме наскоро.

Откако ги здружија силите во 2016 година, музичарите досега имаат три заеднички песни, почнувајќи од првенчето „Седум дена, седум ноќи“, летниот хит „Остани“ и минатогодишните макфестовски „Стари добри времиња“. Имајќи предвид дека автори на трите песни се хитмејкерите Лазар и Магдалена Цветкоски, веројатно нивните прсти ќе бидат вмешани и во новата песна.

Make in our new video soon…🎥🎥 by Dario Jankovic Special thanks to Andrej Papaz styling👏🏻👏🏻👏🏻

Gepostet von Tajfata i Dimitar am Mittwoch, 10. Juli 2019

 

Покрај соработката со „Тајфата“, Андоновски е зафатен и со други проекти, како што е создавањето на музика за театар, а неодамна се закити и со награди за најдобра музика на годинашниот, 54. по ред МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Како самостоен изведувач последно беше актуелен со синглот „Само ти“.



Врати се горе ↑