Свет tidal

21 април, 2015

„Тајдл“ остана без извршниот директор

Само две седмици по лансирањето на „Тајдл“, новиот музички сервис на Џеј Зи се раздели од извршниот директор Енди Чен. Чен бил на оваа позиција во компанијата „Аспиро“, којашто го основаше „Тајдл“, кога ја купи Џеј Зи, а сега на негово место дојде Питер Тонстад. 

„Тој подобро ја разбира оваа индустрија и има јасна визија како компанијата ќе го промени својот статус кво. Тој ги поедноставува ресурсите со цел да се зголеми талентот и да се засили искуството на купувачите“, стои во соопштението на „Тајдл“, во кое се спомнуваат и гласините дека компанијата отпуштила уште 25 вработени од првобитните редови.

„Елиминиравме неколку позиции и го рефокусиравме нашиот талент ширум компанијата за да ги решиме проблемите на одделенијата на кои им е потребна поддршка, а воедно ги отсековме вишоците. Глобано, канцелариите на ’Тајдл’ ќе опстојат и ќе растат: подготвени сме за отворање на неколку нови позиции. Возбудени сме за иднината и она што ’Тајдл’ им го носи на фановите кои го сакаат најдоброто искуство на слушање музика.“

Деновиве се појавија и вести дека Џеј Зи и Џек Вајт лично им се јавувале на претплатниците за да им се заблагодарат што го користат новиот сервис, пренесе „Бизнис инсајдер“.

 



Врати се горе ↑