Балкан TIDE 2 foto Alja Kink

5 ноември, 2013

Тајд снимија видео запис за баладата „Love Is Gone“

„Love Is Gone“ е третиот сингл од актуелниот албум на словенечката група Тајд (Tide), а изданието насловено едноставно „No.4“ голем број од медиумите го сместија меѓу најдобрите албуми за 2012 година. Премиерното прикажување на новиот видео запис е закажано за понеделник, 11-ти ноември, во 20 часот на регионалниот канал MTV. Видео записот е снимен во Љубљана, во режија на Тина Истениќ, со која соработуваа и за видеото за темата „Riot Act“. За светлата, кои се еден од клучните елементи во оваа визуализација, се погрижи Чрт Бирса, а сниматели беа Андраж Брелих и Блаж Миклич.

„Идејата на видео записот е многу едноставна. Сакавме да ги прикажеме Тајд во акција, хемијата на бендот и настапите во живо. Немаме потреба да создаваме вештачка приказна или музика поврзана со настаните од животот или политиката. Овој пат, во прв план ја истакнуваме музиката и ’перформансот’ на групата“ – изјавил Кевин Корадин, пејачот и гитарист на групата, а останатите членови на бендот истакнаа дека „гледачите на видео записот ќе се чувствуваат како да се дел од групата и дека се со нив на бината“.

Интересно е тоа што „Love Is Gone“ е првата балада на Тајд која ќе добие своја екранизација. Веднаш по премиерата на видео записот, групата ќе започне серијал од концерти. Најавата за новото видео можете да ја видите во продолжение.

 

 

 



Врати се горе ↑