Аудио daz-flou-taa

20 јуни, 2014

„Таа“ е новата песна на Даз Флоу

По одличната соработка со Евгенија Чанчалова за темата „Разделба“, Дарко Ивановски познат како Даз Флоу деновиве ја претстави својата нова песна која го носи насловот „Таа“. Како автор на текстот се потпишува самиот Даз, музиката е на Емил Муарем, а аранжманот и продукцијата ги потпишува Андреј Трајковски од „Урбан Рекордс“.

„Мојата љубов е урбана, многу добра, паметна и многу згодна…“ се стиховите со кои е опишана „Таа“, а целата приказна можете да ја слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑