Македонија lambe-alabakoski

31 октомври, 2012

Свршувачката на Ламбе сè уште мета на озборувања

Откако Ламбе Алабакоски ја побара раката на битолчанката Магдалена Јовчевска, девојката со која беше во повеќегодишна врска, чаршијата нивната љубов ја стави на тапет. Па, откако спласнаа гласините дека пејачот за некој месец ќе стане татко и затоа побрзал да се жени, стигнаа нови муабети, според кои, свршувачката наводно е прекината, а Ламбе си го добил прстенот назад. За среќа, сето ова е далеку од вистината, иако пејачот баш и не сака да зборува за љубената.

Алабакоски за „Вечер“ изјави дека не сака да биде разбран погрешно, но навистина не би сакал да зборува за приватноста. Тој рече дека има време и за љубов и за работа, сè е во ред и на свое место, но повеќе од тоа не сакал да каже. Периодов покрај вереницата и патувањата, Ламбе се подготвува за претстојниот Скопски фестивал, па деновиве е затворен во студио снимајќи ја новата песна за која се надева дека ќе стане хит.



Врати се горе ↑