8 ноември, 2012

Свиз Битс, Крис Браун и Лудакрис во новиот спот

До крајот на годината се очекува објавувањето на вториот по ред студиски албум на Свиз Битс, кој ќе биде насловен „Haute Living“. На ова издание на познатиот продуцент се очекуваат гостувањата на имиња како што се Бритни Спирс, Лил Вејн, Лени Кравиц, Др Дре, АСАП Роки, Боно, Канје Вест, Мери Џеј Блајџ, Александра Бурк, Џон Леџенд, Нес, МИА, се разбира и сопругата Алиша Киз, и многу други.

Деновиве Битс на доста спектакуларен начин го најави новото издание со видео записот за песната „Еveryday Birthday“ во кој гостуваат Крис Браун и Лудакрис, каде што трите рапери и продуцентот лудуваат во познатиот монденски град Кан. Спотот ветува и продолжение, односно Битс наскоро најавува и видео запис за нумерата „International Party“ во кој компанијата Рибок (Reebok) вложила импресивни 1.4 милијарди долари. Погледнете ја лудата забава во Кан.



Врати се горе ↑