Настани fLAER-PROGRAMA-ZLATNI-DENOVI

11 јуни, 2014

Sвездите на Х Фактор, Оџила и европските тамбураши дел од „Кратовски Златни Денови 2014“

Од 20 до 22 јуни, градот Кратово ќе биде центарот на музичките случувања во Република Македонија. „Кратовските Златни Денови 2014“ е еден од настаните со кои градот ја започнува културната ренесанса и почнува да ги враќа туристите назад во градот со големо историско значење.

„Кратовски Златни Денови 2014“ е фестивал кој од 20-22 јуни ќе се одржува во Кратово, на различни локации низ градот. Првиот фестивалски ден е резервиран за забавни изведувачи. Како главни ѕвезди на вечерта се најавуваат ѕвездите од Х Фактор, а покрај нив ќе настапат и Тајфата и Љубојна. По завршувањето на музичката програма на главната сцена пред Општинската зграда, забавата се сели на отворениот базен во Кратово каде ќе настапат: диџеј Бабура, диџеј Боби и диџеј Бранчез.

Фестивалот на 21 јуни продолжува со Европското првенство во тамбури, а по него ќе се одржи настапот на составот Оџила од Србија, додека пак во сабота вечер на отворениот базен свој настап ќе има диџеј Шорти.

22 јуни е ден предвиден за најмладите, со забавни содржини кои ќе бидат главно наменети за оваа возрасна категорија.

„Голема чест и задоволство е да ви ги најавам Златните денови на Картово кои за прв пат ќе се случуваат од 20 до 22 јуни, но се надевам дека оваа манифестација ќе стане традиција. Кратово е градот на кулите и мостовите, односно град музеј и навистина има што да покаже. Во следните два месеци, односно јуни и јули, во рамките на Кратовското културно лето ќе се одржат безброј манифестации, а јас и целиот тим на Општина Кратово ќе се обидеме да понудиме содржини за сечиј вкус и за сите генерации’’, изјави градоначалникот на Кратово, г-дин Мите Андоновски.

Фестивалот е замислен и како своевидна промоција на убавините на Кратово, па за таа цел ќе бидат организирани интересни дополнителни активности за сите посетители почнувајќи од посета на локалитети, сè до одржување на концерти на специфични локации во пријатен амбиент.

Како одлични домаќини, кратовчани со нетрпение ги очекуваат Златните Денови 2014. За самиот град, ова ќе биде настан кој дополнително ќе го раздвижи градот, а со тоа и можност за сите посетители покрај природните убавини на градот, да ги запознаат и традициите и обичаите на овој дел од Македонија.



Врати се горе ↑