Настани ImageProxy

27 јуни, 2014

Светските медиуми пресудија: Егзит е фестивал кој не се пропушта!

Во јануари оваа година, ЕГЗИТ беше крунисан со најпрестижната титула во фестивалската индустрија освојувајќи ја наградата за Најдобар голем европски фестивал, а за ЕГЗИТ Авантурата и фестивалите кои таа ги опфаќа – ЕГЗИТ во Нови Сад и „Си Денс“ фестивалот на плажа Јаз, пишуваат сите влијателни медиуми во светот.

Признанијата добиени од медиумските магнати како што се „Тајм“ (TIME)„Гардијан“ (GUARDIAN)„Дејли мејл“ (DAILY MAIL), „Индепендент“ (INDEPENDENT), „Лоунли планет“ (LONELY PLANET) се само дел во низата многубројни ловорики кои ЕГЗИТ ги собра годинава, додека како посебни предности на ЕГЗИТ медиумите ги истакнуваат квалитетната програма, како и несекојдневната фестивалска локација!

Славниот магазин „Тајм“ напиша дека првата асоцијација за ЕГЗИТ фестивал е преубавата Петроварадинска тврдина, катакомбите омилени кај публиката и секако фестивалските бини. Но, оваа одлична локација според зборовите на „Тајм“ магазин, не е единствената причина поради која ЕГЗИТ ја понесе ласкавата титула на Најдобар голем европски фестивал. Кон тоа во голема мера допринесе и одличниот лајн-ап и пријателската атмосфера/…
(time.com/52061/best-music-festivals-2014)

„Гардијан“чии ранг листи се меѓу најрелевантните во светот, овој пат ја вклучи целата ЕГЗИТ Авантура во ТОП 25 фестивали за ова лето, истакнувајќи ја неверојатната атмосфера на Петроварадинска тврдина, како и идилата на плажата Јаз. (www.theguardian.com/travel/2014/apr/11/summer-festivals-uk-europe-music-family)

Во водачот за европските фестивали за 2014 година, британскиот „Индепендент“ објави статија со наслов „Од српскиот ЕГЗИТ до шпанскиот Беникасима“, во која е истакната одличната програма на ЕГЗИТ, како и изведувачите како што се Дејмон Албарн (Damon Albarn), Глориа Гејнор (Gloria Gaynor), „Хртс“ (Hurts), „Суед“ (Suede), „Мајти Оакс“ (Mighty Oaks), „Рудиментал“ (Rudimetnal), „Скрилекс“ (Skrillex), „Дисклоужр“ (Disclosure), „Дип Диш“ (Deep Dish)…
(www.independent.co.uk/arts-entertainment/music/features/european-music-festivals-2014-guide-from-serbias-exit-to-spains-benicassim-9557497.html)

Британскиот „Дејли Мејл“ го вклучи ЕГЗИТ во најдобрите десет светски фестивали, истакнувајќи дека, покрај тоа што е еден од најдобрите, е и еден од најповолните фестивали. Во текстот посебно внимание е дадено и на неверојатната акустика на Петроварадинска тврдина, како и продолжението на фестивалскиот провод на „СИ ДЕНС“ фестивалот, за оние најиздржливите.(www.dailymail.co.uk/travel/article-2604983/From-Bestival-Outlook-10-summer-music-festival-world-revealed.html)

Најпознатиот светски туристички водач, „Лоунли Планет“, најзначајниот водач за патување на планетата, кој годишно го користат повеќе од 300 милиони луѓе во за избор на дестинациите за патување, во своето мајско издание на магазинот, го вклучи и морското издание на ЕГЗИТ, „Си Денс“ фестивалот во Будва, на второто место на најдобри музички случувања во Европа за ова лето! Интересно е дека „Си Денс“ фестивал, иако со свое прво издание, претставен е пред неколку од водечките европски фестивали како што се унгарскиот „Сигет“, англискиот „Сикрет Гарден“, германскиот „Берлин Фестивал“ или францускиот „Рок Ан Сиен“. (www.lonelyplanet.com)

Покрај големото влијание на подобрување на имиџот на Србија, ЕГЗИТ претставува еден од најважните туристички производи на оваа земја. Според пресметките на Владата на Србија, „УСАИД“ и независната аудиторска куќа „Буз Ален Хамилтон“, странските туристи за време на ЕГЗИТ во Србија и Нови Сад оставаат околу 15 милиони евра, додека ЕГЗИТ кон туристичката економија на Србија до сега допринел со повеќе од 100 милиони евра.

ВЛЕЗНИЦИ СО ПОПУСТ САМО УШТЕ СЕДУМ ДЕНА, ДО 3 ЈУЛИ!

Поради големиот интерес за ЕГЗИТ авантурата, влезниците за фестивалот по повластени цени ќе бидат достапни во продажба само уште недела дена, до четврток, 3 јули на полноќ. Потоа, цената на влезниците за ЕГЗИТ ќе изнесува 4 230 денари, а за ЕГЗИТ авантурата 4 885 денари, додека дневните влезници ќе бидат достапни по цена од 1 890 денари. Побрзај и набави ги влезниците во Југотон и МКтикетс, по актуелните промо цени:

ЕГЗИТ фестивал – 3 580 денари, ЕГЗИТ Авантура (ЕГЗИТ + СИ ДЕНС) – 4 230 денари, ЕГЗИТ еднодневни – 1565 денари, СИ ДЕНС фестивал – 1 895 денари.

ТУРИСТИЧКИ ПАКЕТИ: ТУРИСТИЧКИТЕ ПАКЕТИ, КОИ ОПФАЌААТ ВЛЕЗНИЦА, ПРЕВОЗ И СМЕСТУВАЊЕ ДОСТАПНИ СЕ ПО ПРОМО ЦЕНА ДО 3 ЈУЛИ. ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА www.exittrip.org

Повеќе информации на www.exitfest.org.



Врати се горе ↑