Балкан

30 јануари, 2018

Светски ѕвезди меѓу првите имиња на фестивалот „Сонус“

По спектауларната прослава на петтиот роденден минатата година, фестивалот „Сонус“ се враќа со уште посилен лајн-ап за своето шесто издание кое ќе се одржи од 19 до 23 август 2018 во клубовите Папаја, Аквариус и Капипсо на плажата Зрче на островот Паг. Вљубениците во андерграунд-музиката од целиот свет повторно ќе ја посетат хрватската парти-мека впуштајќи се во авантура која вклучува уживање во преубавите плажи, кристално чистото Јадранско море, изведувачи од светски калибар и неверојатна програма под отворено небо.

„Сонус“ годинава може да се пофали со веројатно најимпресивната програма досега.

Шефот на „Драмкоуд“ (Drumcode), Адам Бејер (Adam Beyer,) миленикот на домашната публика и основач на етикетата „Дајнeмик“ (DIYNAMIC), Соломун (Solomun), и техно ветеранот Крис Либинг (Chris Liebing) се враќаат во голем стил. Годинава посетителите може да очекуваат одлични сетови на редовните изведувачи на „Сонус“ – Масео Плекс (Maceo Plex), Марко Карола (Marco Carola) и Локо Дајс (Loco Dice). На фестивалот доаѓаат и главните членови на семејството на „Сонус“, легендите Свен Ват (Sven Väth) и Ричи Хотин (Richie Hawtin). Се разбира, миленикот на „Сонус“, Рикардо Вијалобос (Ricardo Villalobos), и овојпат ќе ја поведе масата на вистинско музичко патување. Со раширени раце фестивалот ќе го дочека и техно-мајсторот Луиџи Мадона (Luigi Madonna), како и севишниот Џозеф Капријати (Joseph Capriati). На „Сонус“ се враќа основачот на „Хот криејшнс“ (Hot Creations), Џејми Џонс (Jamie Jones), како и миленикот на публиката Сет Трокслер (Seth Troxler). „Мит“ (MEAT), „Тејл оф ас“ (Tale Of Us), „Итс евритинг“ (Eats Everything), Буч (Butch), Николас Луц (Nicolas Lutz), Колш (Kölsch), Ди Џулз (D’Julz), Агорија (Agoria) и Доријан Пек (Dorian Paic) ќе се приклучат кон прославата на шестиот роденден на „Сонус“, додека од Џекмастер (Jackmaster) и Пеги Гу (Peggy Gou) се очекува да го донесат најдоброто од хаус, диско, техно-музиката и сè помеѓу. Панорама Бар резидентот Рајан Елиот (Ryan Elliott) и ко-основачот на „Гиглинг“ (Giegling), Константин (Konstantin) ќе го имаат своето деби. Валентино Канзијани (Valentino Kanzyani) и Ијан Ф. (Ian F.) ќе ја претстават словенечката сцена.

На многумина омилениот Адријатик (Adriatique), како и главните имиња на „Инервижн“ (Innervision), диџеј Ам (Âme DJ) и Диксон (Dixon) ќе се вратат на „Сонус“, додека Енцо Сирагуса (Enzo Siragusa) ќе ја претстави етикетата „Фјуз“ (Fuse). За подлабок и поминимален звук ќе бидат задолжени Рареш (Raresh) и Праслеа (Praslea) попознати како „Праслеш“ (Praslesh), а ќе им се приклучат романскиот колега Раду (Rhadoo), дамите Дејна Рах (Dana Ruh), Соња Мунир (Sonja Moonear) и волшебникот на етикетата „Перлон“ (Perlon) – Бин (Binh).

За потврд звук ќе биде задолжен Редхот (Rødhåd), а кон фестивалот се приклучуваат и милениците на домашната публика Пан-Пот (Pan-Pot) и Лен Факи (Len Faki). Во август, „Сонус“ ќе ги угости и главните дами на европскиот техно и хаус-звук, Шарлот де Вит (Charlotte De Witte), Настија (Nastia) и Џенифер Кардини (Jennifer Cardini), додека својот помрачен техно звук за првпат на „Сонус“ ќе го донесе Амели Ленс (Amelie Lens). На плажата Зрче повторно ќе настапи Рекондајт (Recondite) со исклучителен перформанс во живо.

„Сонус“ минатата година склучи соработка со фестивалите „Џанкшн 2“ (Junction 2) и „Мувмент“ (Movement), кои и на новото издание ќе имаат свои забави. Во 2018 уште неколку партнери ќе одржат забави на плажата Зрче – „Пикок сосајети“ (The Peacock Society) од Франција, белгискиот клуб „Фјуз“ (Fuse), швајцарската техно-мека „Нордстерн“ (Nordstern), како и познатите медиуми за електронска музика „Резидент адвајзор“ (Resident Advisor) и „Екселерејтр“ (XLR8R).

„Сонус“ стана совршено место за спој на одмор кој го нуди островот Паг и танцување на фестивалот. Островот Паг е лесно пристапен од Задар, Сплит или Загреб. За совети околу сместувањето, посетете ја веб страницата на „Сонус“ – www.sonus-festival.com.

Early bird влезниците се распродадени, но и понатаму се достапни поволни влезници за екс-ју регионот по цена од 80 евра преку онлајн-продавниците Entrio.hr, Ticketshop.hr или продажните места на TISAK Media.

Во организација на екипата на „Сонус“ е и новиот меѓународен фестивал „Уи лав саунд“ (WE LOVE SOUND), кој во 2018 година ќе се одржи во Загреб, втора година по ред. За повеќе информации следете ги „Сонус“ и „Уи лав саунд“ на друштвените мрежи.

www.facebook.com/insoundwetrust/

www.instagram.com/welovesound/

 



Врати се горе ↑