Настани Mark Knight

10 април, 2013

Светски денс ѕвезди на Аква Парк Фест

АКВА ПАРК ФЕСТ го има задоволството да го претстави првиот дел од музичката програма која ќе го одбележи првото издание на фестиваот и тоа токму со водечките имиња на светската електронска сцена.

Марк Најт (Mark Knight), авторот на некои од најголемите музички хитови во последните 10 години, доаѓа како еден од хедлајнерите на АКВА ПАРК ФЕСТ во Пробиштип. Man With The Red Face, Good Times, Devil Walking, You Got The Love (Mark Knight remix), Downpipe, Conscindo, Alright, Nothing Matters… Списокот на  хитови по кој е запаметен овој британски диџеј и музички продуцент е исклучително долг. Со своите луцидни ЕДМ (EDM) дела тој ја заработи и номинацијата за Греми (Grammy), а љубителите на електронската музика ќе можат да уживаат во неговата сет листа напрвата фестивалска вечер на Аква Парк Фест, која ќе се одржи на 24-ти мај.

Марк Најт со сигурност е еден од главните ликови во денс музиката. Неговиот подем до врвот е повеќе од одлични настапи и ремикси; неговиот придонес на сцената преку својата етикета „Тулрум Рекордс“ демонстрира способност која ја надминува глорифицираната титула „диџеј“. Греми номинацијата за неговата работа на мулти-платиниумскиот албум на Блек Ајд Пис (Black Eyed Peas) „The-End“, трите најпродавани изданија на Битпорт листата; ИДМА номинацијата за неговото „Тулрум Најтс“ (Toolroom Knights) радио шоу и престижната Битпорт награда за синглот „Good Times“,  се само дел од достигнувањата кои го бележат неговиот огромен успех.

Во 2004, со сопствената визија за хаус музиката, Марк Најт ја создаде работилницата за денс музичарите на 21 век, Тулрум Рекордс, а со тоа создаде и нов начин на размислување. Како продуцент, Марк ја изгради репутацијата со исклучителните изданија константно на врвот на денс листите и вклучувајќи се во продуцирањето на траки за водечки артисти, како новото издание на„Феитлес“  (Faithless) и работата на последниот албум на „Андерворлд“ (Underworld). Како диџеј, Марк е светски признат и препознатлив по своите седум часовни сетови и како носечко име на светските фестивали и клубови, од Ултра Мјузик Фестивал Мајами до Терас во Спејс Ибица. Неговата верба и желба да внесе свежина во застоената клубска сцена, го инспирираше лансирањето на „Тулрум Најтс“ во легендарниот „Министри оф Саунд“ (Ministry of Sound) во Лондон. Стекнувајќи успех без конкуренција како една од најсупериорните клубски журки, „Тулрум Најтс“ генерираше огромен глобален успех.

Покрај Марк Најт, истата вечер на АКВА ПАРК ФЕСТ ќе настапи и холандската денс атракција Санери Џејмс и Рајан Марчиано (Sunnery James & Ryan Marciano). Ова се две значајни личности со единствена цел: да забавуваат што повеќе луѓе со нивниот дип и фанки хаус звук. На последното издание на Грин Бич Фестивал, македонската публика прв пат имаше приликата да ја чуе музиката на диџеј дуото на кое музичкиот свет му предвидува молскавично искачување во најдобрите ТОП 10 светски диџеи и чии настапи ширум светот се секогаш целосно распродадени.  А токму нивниот уникатен настап, шармантниот изглед и музичкиот избор покажаа зошто се едни од омилените диџеи и беа причина за незаборавната забава која нѐ остави желни за уште повеќе.

Со нивните епски настапи и ритмови, тие со сигурност се следните холандски музички мегаѕвезди. Со своите заразни клубски хаус сетови во кои се спојуваат семплови на соул вокали и енергични ритмови, веќе ја освоија публиката ширум светот. Санери и Рајан се резидент диџеи и на светскатаWhite Sensation забава, а нивниот настап на овој настан во 2012 беше прогласен за еден од најдобрите. Нивниот хит „Tribeca“, како и обработката на хитот на диџеј Тиесто „Lethal Industry“станаа неизбежен дел од диџеј сетовите на великаните како Гета, Ван Бурен или Пит Тонг. Ова холандско дуо на своите досегашни настапи постојано ја доведува публиката во транс, а сега доаѓаат подготвени за уште еден спектакуларен сет токму на АКВА ПАРК ФЕСТ.

Аква Парк Фест годинава го претставува своето прво издание со интензивна музичка програма, а наскоро очекувајте ги и останатите имиња на музичките ѕвезди кои ќе го одбележат овој фестивал. Аква Парк Фест како ново фестивалско одредиште на  илајдници насмевнати луѓе од сите возрасти ве очекува на 24-ти и 25-ти мај.

 

Влезниците за Аква Парк Фест ќе бидат достапни во продажба од 16 април, по промотивна цена од 700 денари за фестивалска влезница и 400 денари за дневна влезница, во кои е вклучен бесплатен камп простор на фестивалот и бесплатна влезница на Аква Паркот и користење на сите водени атракции кои тој ги нуди. Промотивните билети ќе се продаваат во ограничен број.

Картите за фестивалот ќе можат да се купат во продажните салони на One, Office Plus и продажната мрежа на МКтикетс.



Врати се горе ↑