Настани stromae_image

11 април, 2014

Светската ѕвезда Стромае дел од Егзит авантурата

Водечкото име на хип-хоп сцената од француско говорно подрачје и хитмејкерот Пол Ван Авер (Paul Van Haver), повеќе познат како СТРОМАЕ (STROMAE), ќе настапи на 10 јули на ЕГЗИТ фестивал! Стромае е сопственик на мегахитовите Alors on danse’Papaoutai и Formidable, со околу 350 милиони прегледувања на „Јутјуб“ каналот и многубројни први места на најважните музички листи во повеќе од 10 земји ширум Европа.

 

Оној момент кога „Alors on danse“ беше пуштен во живо во радиската програма, Стромае стана име кое се памети. За кратко време, спотот за оваа песна ја надмина бројката од 50 милиони прегледувања на „Јутјуб“ каналот, додека ремикс на овој голем хит направи ни повеќе ни помалку, туку славниот Канје Вест. Помеѓу милионите фанови ширум светот се вбројуваат и познатите личности како што се Дипло, Блек Ајд Пис, Ана Винтур, Жан Клод Ван Дам и многу други.

Во мај 2013 година објавен е новиот сингл „Papaoutai“, кој достигна речиси 135 милиони прегледувања на „Јутјуб“ каналот, освојувајќи многубројни европски музички листи. Спотот за оваа песна го најави албумот „Racine Carrée“, благодарејќи на кој во ноември Стромае ја освои „Ем-ти-ви“ наградата за најдобар белгиски изведувач за 2013. година. Овој албум само осум месеци по објавувањето во Европа беше продаден во повеќе од два милиони примероци!

 

Минатата година на „Јутјуб“ се појавија аматерските снимки кои го прикажуваат Стромае наводно пијан како скита во раните утрински часови по Лоуиза станицата во Брисел. Видеото набргу стана вирален хит. Неколку дена подоцна се дозна дека во прашање се извадоци од снимањето на неговиот нов спот, за синглот Formidable. Спотот кој прикажува пијан човек кој тукушто раскинал со својата девојка, со молскавична брзина ја освои наклонетоста на интернет заедницата и за кратко време достигна над 70 милиони прегледувања, а новиот сингл го зацврсти статусот на Стромае како нова, сјајна ѕвезда на музичката сцена.

Директно од топ листите, Стромае на 10 јули доаѓа на ЕГЗИТ фестивал да ја претвори Петроварадинската тврдина во голем танцувачки подиум!

 

Петнаесеттото издание на најдобриот европски фестивал е во знак на големата осумдневна ЕГЗИТ АВАНТУРА која нè води на РОК@ЕГЗИТ фестивалот на 11 јуни 2014 на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, на ЕГЗИТ фестивал, кој на истото место се одржува од 10 до 13 јули, како и на СИ ДЕНС фестивалот од 15 до 17 јули на плажата Јаз, една од најубавите плажи на Јадран.

До сега објавени изведувачи за ЕГЗИТ 2014. се:

DAMON ALBARN
AFROJACK vs QUINTINO / CARL COX vs DANNY TENAGLIA / DISCLOSURE LIVE / RUDIMENTAL LIVE / SKRILLEX / STROMAE
ANDY C / ASIAN DUB FOUNDATION / BEN KLOCK vs MARCEL DETTMANN / CARL CRAIG vs GREEN VELVET / DUB FX / DUSKY vs PAUL WOOLFORD / EATS EVERYTHING vs CASSY / GORGON CITY / HEIDI vs KIM ANN FOXMAN / MACEO PLEX vs DANNY DAZE / PLANETARY ASSAULT SYSTEMS LIVE / PRETTY LIGHTS Live Visual Show / SUB FOCUS DJ SET / THE AFGHAN WHIGS / TIGA vs DJ HELL DIMENSION / FRED V & GRAFIX feat DYNAMITE MC / JACKMASTER & ONEMAN PRESENTS ‘CAN U DANCE’ / JAMBINAI / KOVEN LIVE /  MIGHTY OAKS / MY NU LENG / TC / TRICOT



Врати се горе ↑