Настани

25 јануари, 2018

Светската атракција „Огнот на Анадолија“ во Скопје

На 12 март 2018 година, светската атракција „Огнот на Анадолија“ (Fire of Anatolia), со нивното спектакуларно шоу кое никого не остава рамнодушен, доаѓа во Скопје, во ВИП арената „Борис Трајковски“.

Основен концепт на „Огнот на Ададолија“ е спојот на цивилизациите. Тоа е танцов портрет што дава универзални пораки за мир. Претставува светско шоу, културен празник со современи стандарди, комбинирање на фолклорни игри со балет, со современи танци и други дисциплини на танц.

Огнот на Анадолија“, со потекло од митолошката и културната историја на Анадолија, е уникатен проект кој содржи 3.000 танцови фигури и народна музика, кои се составени од речиси секој регион на Анадолија. Проектот, кој е креиран од Мустафа Ердоган, има цел да го претстави „Огнот на Анадолија“ на целиот свет, кој се заснова на идејата за комбинирање на концептот на „мирот“ со културниот и историски мозаик на Анадолија илјада години наназад.

Мустафа Ердоган, кој го направи својот прв чекор кон остварувањето на долгогодишниот сон, во 1999 година, започна интензивни проби кои бараа тешка работа за проектот кој беше познат како „Султани на танцот“. Најпрво, биле објавени огласи во весниците, наведувајќи дека „се бараат танчери“. 750 луѓе аплицирале. Меѓу 750 луѓе, биле избрани 90 млади луѓе, а потоа започнал тежок работен период кој траел една и пол година. Пробите траеле по 8 часа, а понекогаш и 16 часа на ден. Костимите биле подготвени, а музичките композиции завршени. Пробите биле изведувани во соработка со естетичари, инструктори за вежби и професионални за масери. Дополнително, биле правени истегнувања и јога вежби. И тогаш, концентрацијата била главно преку чекори на народни танци, балети и модерни техники на танцување. Танчерите, исто така, имале теоретски часови за нотацијата на анатолските ритми.

По изведени 3-4 претстави, почнувајќи од 3 мај 2001 година, било планирано шоуто да биде одиграно и во странство, но бидејќи сите билети за претставата во Турција биле распродадени неколку месеци однапред, одлучено е да се продолжи со шоуата во татковината.

„Огнот на Анадолија“ ја започнува својата прва светска турнеја во 2002 година од Нов Зеланд па до Америка, од Сибир до Бахреин, од Оман до Јужна Кореја, исто така и во: Германија, Франција, Холандија, Шпанија, Италија, Белгија, Карибите, Мексико, Русија, Кина. Шоуто било гледано од 40 милиони гледачи во 4.000 изведби во 98 земји (во повеќето земји имало и повеќе од еден настап).

„Огнот на Анадолија“ има свои танцови академии, во кои се одржуваат часови по танц во Истанбул, Анкара, Анталија и Газиантеп.

„Огнот на Анадолија“ остави голем белег на големите настани што се одржуваат во Турција, како што се: Евровизискиот натпревар 2004, Формула I Истанбул Гран При 2005, İzmir Universiade 2005, ФИБА Светско првенство во кошарка 2010, церемонијата на отворање и затворање на Универзијадата 2011 Ерзурум Зимски Игри и церемонијата на отворање на Европскиот олимписки фестивал „Трабзон 2011“.

Покрај тоа, компанијата има настапувано и на глобално познатите настани како Формула 1 во Бахреин, на 15. Азиски Олимписки игри во Катар, Олимпијадата во Пекинг 2008 во Кина, Експо Сарагоса 2008 во Шпанија, ITB Берлин туризам експо, Експо Хановер во Германија, Шангај Експо 2010 Изложба за туризам во Кина и 2012 Експо Јеосу туризам.

„Огнот на Анадолија“, со изведбите на „Огнот на Анадолија: Еволуција и Троја“, настапуваат на најпрестижните места низ светот, како што се „Медисон сквер гарден“, Њујорк и Чикаго театар, Палатата на Конгресот, плоштадот Берси и Трокадеро – пред Ајфеловата кула, Франција, три пати во Големата сала Парламентот, Кина; двапати во Кремљската палата во Москва, Русија; пред пирамидите во Гиза и Цитаделата Саладин во Египет; „Олимписката сала“ во Минхен, Германија; театарот „Емпајр“ во Англија; „Форест нејшнал“ во Белгија; „Иринис кефилијас“ во Грција и Картагенскиот амфитеатар во Тунис; античкиот театар „Сабрата“ во Либија.

Светски познатите „Огнот на Анадолија“ имаат перформанси 3 дена во неделата од април па сè до ноември во арената „Аспандо“ во Анталија и го претставуваат Турскиот национален културен просперитет на туристите кои ја посетуваат Турција.

Билетите за овој спектакл, се пуштени во продажба и истите може да се набават на сите продажни места на „Купи карти за сè“, „Пола Југотон“, цвеќарница „Розе“ – Веро2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

 



Врати се горе ↑