Аудио 3. Blue Note Jazz Festival 2014

23 јуни, 2014

Светска премиера на новиот сингл на Четкар; Слушнете ја „Time Goes By“

Само еден ден после феноменалниот концерт на Владимир Четкар Септет на Блу Ноут Џез Фестивалот во Њујорк, од најпопуларниот американски он-лајн магазин за соул и фанк музика, SoulTracks дојде прекрасна вест! Тимот на SoulTracks видно воодушевени од новите материјали на Владимир направија рецензија и светска премиера на најновото од Четкар, песната „Times Goеs By“ која е дел од неговиот нов албум „Heavenly“. (Рецензијата можете да ја прочитате на www.soultracks.com/vladimir-cetkar-time-go-by)

Песната „Times Goes By“ предизвика бурни реакции од музички легенди како Том Мултон (Таткото на Ремиксот), Патрик Адамс (Салсоул Рекордс и Прелуд Рекордс), Боб Ести (продуцентот на Дона Самер, Барбра Стрејсенд, Шер), ДиСи ЛаРу (Казабланка рекордс) и т.н. кои сите заедно не штедеа суперлативи и коментираа дека е вистинска реткост денеска сè уште некој да може да направи ваква продукција и композиција! Како звучи новиот сингл на Четкар можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑