Балкан

2 август, 2018

Светска премиера на новиот проект на Дарио!

Стотици љубители на музиката на нашиот Дарио Панковски се снимија себеси како ја пеат неговата најнова песна „Što je moje to će doći“, односно хрватската верзија на „Што е мое ќе си дојде“, а снимките испратени од сите краеви на светот се најдоа во официјалното видео за што подобро да ја доловат пораката на оваа химна на позитивноста и надежта, која се роди како плод од соработката со еден од најголемите мотивациски говорници во регионот, неверојатната Ана Бучевац.

„Само петпати во животот ми се случило една песна да ми легне при првото слушање, а оваа песна ми легна уште во првите 30 секунди! Музиката, аранжманот, гласот, зборовите кои не ги разбирав тогаш… Целата таа вибрација на песната ме убеди дека треба да постои и на хрватски јазик и отсега ќе биде химна на сите мои настани“, објасна авторката на три бестселери најавувајќи го овој проект.

Конечно! Светска промоција на НАШИОТ видео спот! Ви благодарам на сите, од Америка преку цела Европа и нашиот Балкан, па…

Gepostet von Dario Pankovski am Donnerstag, 2. August 2018

„Ви благодарам на сите, од Америка преку цела Европа и нашиот Балкан, па сè до Австралија, бевте прекрасни!! Имаше стотици ваши снимки и искористивме најмногу што можевме, а тоа беше претешко, верувајте. Неверојатно и импозантно е колку позитивна енергија, љубов, среќа, живот и вортекс има во само еден видео спот. Уживајте“, напиша музичарот објавувајќи го новото видео.

Автор на музиката е самиот Дарио, стиховите му се заеднички со колегата Кристијан Габроски, кој го направи и аранжманот, а видео продукцијата ја изработи заедно со Андреа Панковска, додека за графиката беше задолжен Бруно Панковски. Како изгледа и звучи сето тоа заедно дознајте во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑