16 ноември, 2014

„Све си мени“ е првата авторска песна на Лукијан Ивановиќ

Финалистот во првото издание од регионалниот музички натпревар „Х фактор“, кој стана миленик на женската публика ширум целиот Балкан, Лукијан Ивановиќ деновиве ја претстави својата прва авторска песна насловена „Све си мени“. Талентираниот кантавтор ја потпишува музиката, а за текстот соработувал со Андријана Баралиќ, додека аранжманот и продукцијата се дело на Душан Алагиќ. Песната доби и видео издание во режија на Немања Ивановиќ, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите горе.

 



Врати се горе ↑