14 јули, 2016

Свадбената песна на Слаткаристика доби видео запис

Популарниот хип-хоп артист Слаткаристика го претстави видео записот за песната „Кажи да“, со која ја запроси неговата сопруга Сања Николиќ. Со оваа тема го одбележаа и почетокот на брачниот живот, заигрувајќи го првото танго на нивната свадбена веселба што се одржа во август 2014 година. Токму нивната свадба е преточена во видео запис за „Кажи да“.

„Некој знае и умее со збор да се изрази… Мојот начин е преку текст и музика. Така, со полно срце емоции ја направив ’Кажи ДА’ за да ја запросам сега веќе мојата сопруга. ’Кажи ДА’ е посветена на сите заљубени, за сите идни, кажани ДА!“, напиша Слаткаристика споделувајќи го новиот видео запис на Фејсбук, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

кажи да



Врати се горе ↑