Македонија

14 август, 2017

Сузана Спасовска на турнеја во Кина

Додека нејзините колеги пеат за нашите иселеници ширум светот, Сузана Спасовска на крајот на годинава би требало да замине на турнеја во Кина!

„Се подготвувам за една турнеја, односно сум при крај со некои преговори и чинам дека ноември или декември ќе биде мојата турнеја во Кина“, рече во едно телевизиско гостување популарната пејачка, која веќе извесно време го изучува кинескиот јазик, а откри и дека изминатиов период интензивно ги изучувала песните што ќе ги отпее пред кинеската публика.

Како звучи Сузе на кинески можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑