5 јануари, 2013

Сузана Манчиќ „Олдтајмерка“: Сè уште сум во форма

Кон крајот на месец ноември минатата година беше најавен видео записот за нумерата „Олдтајмерка“ од групата За’рџали Ексер во која главната улога ја игра Сузана Манчиќ. Деновиве овој видео запис го здогледа светлото на денот.

„Кога Бане Ексер ме праша дали би снимила спот со неговиот бенд за песната ’Олдтајмерка’, само што ми го изрецитира текстот и ми ја раскажа замислата за тоа како ќе изгледа видео записот, јас прифатив. Ми се допадна и зборот Олдтајмерка, како и идејата, акцијата и пораката која ја носи песната.“ -рекла естрадната дива Манчиќ, додавајќи: „Само снимањето не ми беше тешко, бидејќи како што гледате, сè уште сум во добра форма. Сè е полесно кога во екипата има добра енергија која ги краси за време на снимањето. Ми беше задоволство да снимам спот со За’рџали Ексер и верувам дека бендот е перспективен, бидејќи зрачи со ентузијазам, енергија и добри идеи.“

Лидерот на групата која за кратко време го привлече вниманието на јавноста, како и нивниот прв албум „Никад није касно“ објавен на почетокот на ноември минатата година, не го крие задоволството, фалејќи го камерманот Милан Ѓоловиќ и монтажерот Вања Тодоровиќ.

„Задоволен сум како е спакуван спотот. Снимавме во повеќе наврати на различни локации. Сè беше одлично. Единствено имаше мали проблеми околу термините на Сузана, бидејќи како мултимедијална личност, таа е презафатена. Се покажа како голема муабетчика, другар и голем профеционалец. Благодарение на Сузана која е преубава и сјае од среќа и задоволство, спотот доби посебна димензија, онаква каква што посакував. Впрочем, погледнете го спотот и сè ќе Ви биде јасно. Благодарен сум што Сузана ни го украси спотот“ – истакнал Бане Ексер, основач и водечки автор на групата За’рџали Ексер.

 



Врати се горе ↑