Видео

15 април, 2019

Сузана Гавазова со песна му порача: „Роден си за грев“

Сузана Гавазова деновиве ја претстави својата нова, трета по ред песна на српски јазик – Сећање на твој грех“ – за која повторно соработуваше со авторскиот тим што застана зад „Намазана“, а сега ја имаме и македонската верзија насловена „Роден си за грев“.

Автор на музиката е композиторот Саша Диниќ, а аранжер Александар Саблиќ, додека стиховите на македонски јазик ги потпишува Орце Зафировски.

Dragi moi uzivajte vo pesnata “Secanje na tvoj greh” sega i na Makedonski naslovena kako “Roden si za grev”. Uste…

Gepostet von Suzana Gavazova am Samstag, 13. April 2019

 

Придружните вокали ги отпеа Сузана Бранковиќ, а на саксофон гостува Тункај Туна Шавлев. Сето тоа визуелно го дополни Ник Скерлев, а снимањето се одвиваше на повеќе локации во соседна Бугарија.

„Не знаев, не, јас не знаев дека роден си за грев, ми зеде сè и ми остави срце полно со гнев“, пее Сузана во својот нов хит, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑