Галерија

4 февруари, 2018

Сузана Гавазова снимаше видео за „Опасна за око“

Нашата фолк-дива Сузана Гавазова и на почетокот од новата година не мирува. После впечатливиот настап на „Роса-фест“ и многубројните настапи околу празничните денови, Сузана и „Арт студио продукција“ снимаа видео во Скопје.

Имено, се работи за темата „Опасна за око“, отпеана токму на „Роса-фест 2017“, за која се очекуваше да добие и видео запис, со оглед на тоа како беше веднаш прифатена од публиката.

Автор на музиката на „Опасна за око“ е Борче Димитров, стиховите ги напиша Орце Зафировски, додека аранжманот и продукцијата ги направил Дејан Момировски.

Гавазова песната на фолк-фестивалот „Роса 2017“ ја изведе заедно со блех-оркестарот на популарниот Џамбо Агушев, кој исто така учествува во самото видео, а промоцијата се очекува наскоро.

 



Врати се горе ↑