Македонија

20 септември, 2018

Сузана Гавазова ќе го освојува српскиот музички пазар

Фолк-ѕвездата Сузана Гавазова не е во Шведска, каде што пред некоја година се пресели, и таму од своето ново семејно гнездо продолжи и со кариерата. Деновиве е повторно во родната Македонија, но и дома не останува за долго. Впрочем, пејачката не мирува цело ова лето! На новинарите им се пофали со бројните патувања во Грција, Хрватска, Црна Гора, Босна…. а се пофали и дека има нова песна и тоа на српски јазик.

„Автор на текстот на таа песна е многу познатиот Драган Брајовиќ-Браја, а автор на музиката е Денија Ликс. Песната е феноменална, јас сум презадоволна, особено што текстот е од работилницата на еден од најдобрите српски текстописци, па нема утка“, објасни пејачката.

Следниот месец Сузана тргнува во активна промоција на песната по српските телевизии, а во меѓувреме ќе сними и видео, па каков успех ќе постигне во походот за освојување на оваа музичка сцена ќе дознаеме во периодот што следува.

Извор: Вечер.прес



Врати се горе ↑