Видео

8 април, 2019

Сузана Гавазова ја претстави новата песна на српски јазик

Сузана Гавазова продолжува да ја освојува регионалната сцена со уште една нова песна насловена „Сећање на твој грех“, за која повторно соработуваше со истиот тим што се потпиша на „Намазана“, односно автор на музиката е Саша Диниќ, стиховите се на Ана Диниќ, додека аранжманот го направи Александар Саблиќ. Придружните вокали ги отпеа Сузана Бранковиќ, а на саксофон гостува Тункај Туна Шавлев. Сето тоа визуелно го дополни Ник Скерлев, а снимањето се одвиваше на повеќе локации во соседна Бугарија.

Ова е трета песна на српски јазик за популарната македонска пејачка, која дебитираше на музичката сцена во соседството со темата „Хало“, по која следеше и „Намазана“. 

🔥PREMIERA🔥Dragi moi uzivajte vo novata pesna pod naslov ”Secanje na tvoj greh”… Golema blagodarnost na site koi…

Gepostet von Suzana Gavazova am Samstag, 6. April 2019

 

Голема благодарност на сите кои работеа на оваа песна и спот… дадовме голем труд и работа, па се надевам дека ќе ви се допадне“, напиша Гавазова претставувајќи ја новата песна, а воедно ја најави и македонската верзија што ќе го носи насловот „Роден си за грев“.

Како изгледа и звучи најновото од Сузана Гавазова, дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑