Настани tn-ec

6 март, 2014

Суперстар диџејот Том Нови во Експо Центар

Дали сте подготвени за уште една незаборавна журка во Експо Центар? Организаторот најавува дека овој 8-ми Март ќе биде сосема поразличен од останатите. Затоа, дојдете и уживајте во диџеј сетот на предводникот на новиот бран на хаус сцената кој ќе Ви ја пренесе музичката енергија од светските метрополи.

Експо Центар со гордост Ви го најавува гостувањето на еден од највлијателните членови на германската хаус сцена – човекот чие име е врзано за хитовите „Superstar“, „Lovin U“,„Take It“,„Your Body“, директно од Минхен, единствениот, комплетно непредвилив и екстравагантен диџеј, Том Нови на 8-ми Март, во Експо Центар.

Неговото име се врзува со голем број светски музички имиња како Роџер Санчез, Соник, Ениак и Том Морело кои соработувале со него и го трасирале неговиот пат кон ѕвездите. На наше огромно задоволство, Вашиот омилен урбан подиум е дел од неговата Европска и Американска турнеја која ќе опфати повеќе од 13 концерти низ целиот свет. Том Нови ветува одлична забава и многу музички изненадувања, специјално наменети за неговите македонски фанови.

Влезници во претпродажба од понеделник, 3-ти февруари во: Југотон Рекордс (ГТЦ), Камарад (Рамстор), Цвеќара Розе (Веро 2), Супер Тобако (ТЦ Лептокарија) до 6-ти март (четврток) по цена од 200 денари). Картите на 7-ми и 8-ми март (петок – сабота) ќе се продаваат по цена од 250 денари.



Врати се горе ↑